Пари Сент Жермен го обновува интересот за ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесуваат медиумите на Островот.
Откако стана јасно дека Килијан Мбапе на лето ќе го напушти ПСЖ како слободен агент, клубот веќе почна да бара замена, а прв на листата желби е токму Рашфорд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година и е најплатен фудбалер кај „црвените ѓаволи“.
Но, Англичанецот оваа сезона не игра на препознатливот ниво и е спремен да ја промени средината.
„Светците“ се спремни да му понудат плата од 22 милиони евра по сезона на Англичанецот и да понудат 120 милиони евра за неговиот потпис.
🚨 PSG are considering making a renewed attempt to snap up Marcus Rashford in the summer.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 31, 2024
(Source: @MailSport) pic.twitter.com/fFp8eR37Mt