ПСЖ на лето ќе прави реконструкција на тимот и сака да доведе една голема ѕвезда, а подготвува богата понуда за Ерлинг Халанд, пренесуваат француските медиуми.
На лето треба да си замине Нејмар и веројатно Лионел Меси, па ПСЖ е спремен да потроши 200 милиони евра за Ерлинг Халанд.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Халанд не е среќен во Сити. Стилот на игра на Гвардиола не му одговара, а ако ПСЖ навистина ја плати оштетата, Сити ќе нема избор“, изјави аналитичарот на RMC, Даниел Риоло, кој тврди дека доколку ПСЖ не го донесе Халанд, ќе се насочи кон кон Виктор Осимхен од Наполи.
ПСЖ исто така е спремен на Норвежанецот да му понуди висока плата, иста како онаа на Мбапе, а тоа ќе го овозможи со заминувањето на Нејмар.