Пари Сент Жермен покажува силен интерес за дефанзивецот на Вест Хем, Иса Диоп пренесуваат францските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англиските медиуми исто така ја потврдија веста и пренесуваат дека „светците“ се спремни да понудат 56 милиони евра за потписот на 21-годишниот Французин.
Меѓутоа, цената на дефанзивецот може додатно да се зголеми бидејќи силен интерес за него покажува и Манчестер Јунајтед.
Мурињо е воодушевен од младиот фудбалер и го нарекол „вистинско чудовиште“, па ќе направи се за да го донесе на „Олд Трафорд“.
Диоп ова лето пристигна во Вест Хем од Тулуз за сума од 25 милиони евра и стави потпис на 5-годишен договор.
Французинот веднаш се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па неговата цена вртоглаво порасна.