Дома Топ вести ПСЖ со УЛТИМАТУМ до Нејмар!

ПСЖ со УЛТИМАТУМ до Нејмар!

Повеќе никој нема да го трпи, што е неговиот најголем страв?

Изгледа дека дојде времето за одлука.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, ПСЖ повеќе не сака да чека, тие ги исполнија сите услови. Имено, пронајдоа начин како да го избегнат финансискиот фер плеј, го доведоа Дани Алвеш кој одличен пријател со Нејмар, а во клубот останува и уште еден Бразилец, Лукаш Моура.

Како што кажавме Нејмар Сениор, постигна договор во име на неговиот син, кој сепак треба сам да одлучи.

Тој е блиску до заминување, иако навивачите на Барселона се надеваа дека успеал Пике успеал да го убеди Бразилецот, сепак ништо не е потврдено.

На ПСЖ му се брза, проценката е дека соиграчите се последната надеж на Каталонците да го убедат, додека Барса со офанзивата на Кутињо се обидува да го примора уште еднаш да размисли.

Како што пишува „Л’Екип“,  Нејмар добил еден вид на ултиматум во наредните пет дена да мора да одговори на понудата, односно да ја соопшти конечната одлука. Во спротивно ПСЖ ќе се повлече од целата приказна. Французите се надеваат дека неговиот татко ќе одигра клучна улога, неговата провизија е неверојатно голема, покрај парите тој би добил и акции во одредени арапски хотели кои се во сопственост на семејството Ал Тани.

Она што го загрижува Нејмар е квалитетот на француската лига, Пике го убедуваше со зборовите дека француското првенство е далеку од квалтитетот на шпанската лига, а слично нешто му порача и Кристиано Роналдо кој го советуваше да остане во Барса, а доколку веќе заминува да премине во Манчестер Јунајтед.

Навистина, Јунајтед нема намера да го ангажира Нејмар, па ваквите совети немаат некоја вредност.

Во секој случај работите се одвиваат брзо, па веќе следната недела би можеле да видиме конечен расплет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…