Дома Фудбал Останато ПСЖ се смееше, но не за долго: УЕФА носи нови правила за финансискиот фер-плеј

ПСЖ се смееше, но не за долго: УЕФА носи нови правила за финансискиот фер-плеј

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин најави дополнителни промени за финансискиот фер-плеј.

Големи трансфери, особено во француски ПСЖ, повторно ги отворија очите на УЕФА. Покрената е истрага против францускиот тим, а во следните месеци правилата на финансискиот фер-плеј би можеле дополнително да се променат.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барем така тврди претседателот Чеферин, кој најавува дека со новите правила ќе биде намалена разликата помеѓу големите и малите екипи.

„Финанскиот фер-плеј е воведен за да се подобри стабилноста на клубовите. Меѓутоа, времињата се менуваат. Мораме да се прилагодиме и да ги промениме дополнително правилата. Разликата помеѓу големите и малите клубови е се поочигледна. Не знам дали можеме да ги спречиме големите екипи да трошат, но можеме да ги успориме со одредени правила. Важно е на време да се реагира“, истакна Чеферин.

Изминатите години екипите се казнувани поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј. Меѓутоа, казните од неколку десетици илјади евра се премали за клубовите кои располагаат со големи средства, а екипите како ПСЖ прават се да измаат наметнатите правила и тоа не им оди од рака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…