Најнеизвесната група во ЛШ стана уште понеизвесна после вечерашните резултати. ПСЖ славеше против Милан, Дортмунд го изненади Њукасл.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ПСЖ го доби дербито против Милан со високи 3:0, иако „росонерите“ не делуваа толку инфоериорно. Првото полувреме беше рамноправно, но Мбапе со мајсторија погоди за 1:0.
А стартот на вториот дел Коло Муани зголеми на 2:0, а Милан до крајот не успеа сериозно да го загрози Донарума. Конечните 3:0 дојдоа при самиот крај кога после еден контранапад гол постигна Ли Канг.
Борусија Дортмунд славеше на гостувањето кај Њукасл со голот на Нмеча во 45-та минута.
Лајпциг и Манчестер Сити остварија рутински победи против Црвена Звезда односно Јанг Бојс, додека Атлетико Мадрид и Селтик одиграа без победник 2:2.