Дома Трансфер зона ПСЖ повторно ги воодушеви фановите: Тргнува по еден од најдобрите во светот!

ПСЖ повторно ги воодушеви фановите: Тргнува по еден од најдобрите во светот!

psg

Француските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен е силно заинтересиран за играчот за врска на Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл.

„Светците“ се во потрага по адекватна замена за Тиаго Мота кого на крајот на сезоната му истекува договорот. Поради тоа ПСЖ сака на таа позиција да донесе млад и квалитетен фудбалер, а изборот паднал на Вајгл.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вајгл има само 22 години, а со своите настапи во дресот на Дортмунд се етаблираше како еден од најдобрите играчи за врска во светот.

Иако тимот од Дортмунд оваа сезона игра очајно, тоа не може да се каже и за Вајгл, кој веќе е дел и од германската репрезентација.

ПСЖ е спремен да плати 50 милиони евра за неговиот потпис, но ќе мора да се избори со конкуренцијата бидејќи за младиот Германец интерес покажуваат и други европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …