Фудбал нема да има во Франција, но и какви било колективни спортски активности до септември.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
ПСЖ е еден од клубовите кои се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите и се подготвени да ги играат натпреварите од ЛШ во друга земја, потврди првиот човек на Париз, Насер Ал-Келаифи.
„Ја почитуваме одлуката на француската влада и планираме да продолжиме со натпреварувањето во Лигата на Шампионите во соработка со УЕФА, каде и да се играат мечевите. Ако не е можно во Франција ќе играме на друго место каде што ќе биде најбезбедно за нашите фудбалери“, изјави Ел Келафи.
УЕФА се уште не го утврди моделот на кој планира да ги заврши своите клупски натпреварувања. Тековниот план е да се завршат домашните првенства, а Евро-куповите да се играат во август.