Пари Сент Жермен не се откажува од немерата ова лето да го донесе Лионел Меси во Париз, пренесува „Мундо Депортиво“.
Меси на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, Барса со сите сили се обидува да го убеди да остане на „Камп Ноу“, но ПСЖ е спремен да и ги „замрси“ плановите на Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„ТНТ Спорт“ тврди дека францускиот клуб доставил понуда до агентите на Меси за две години со опција за продолжување на уште една сезона.
ПСЖ наводно му нуди на Аргентинецот фантастични финансиски услови и многу поголема плата од тоа што му го нуди Барселона.
„Мундо Депортиво“ тврди дека Меси во моментов одбива да започне преговори со ПСЖ, бидејќи и дава предност на Барселона, но не е исклучено наскоро да седне на преговарачка маса со „светците“.