Дома Фудбал Останато ПСЖ неуморно крои планови: Пристигнува Роналдо во замена за фантастичното трио кое оди на продажба

ПСЖ неуморно крои планови: Пристигнува Роналдо во замена за фантастичното трио кое оди на продажба

„Лудувањето“ на пазарот кое започна изминатото лето со купувањето на најскапиот и вториот најскап фудбалер во историјата, најбогатиот катарски клуб во свој стил продолжува и следното лето.

Низ шпанските, англиските и француските медиуми се наведува дека Кристијано Роналдо пред една недела изразито побарал од претседателот на Реал, Флорентино Перез да го пушти на крајот од сезоната и тоа за разумна оштета, а не 400 милиониевра, колку што во последната година барање од ПСЖ и Манчестер Јунајтед.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Без оглед на тоа што наскоро ќе наполни 33 години, а со Реал потпиша „доживотен“ договор до 2021., освојувачот на четири Златни Топки, не е задоволен во Мадрид и сака да замне по девет години.

ПСЖ веќе неколку години чека вакви вести. Без оглед на тоа што изминатото лето Нејмар го купија од Барселона за 222 милиони евра, а Килијан Мбапе го позајмица од Монако со обврска да го откупат неговиот договор следното лето за 180 милиони евра.

По ваквото безмилосно трошење, ПСЖ е под истрага на УЕФА поради кршење за финансискиот фер плеј, а за да остане во дозволена рамка и да го донесе Роналдо, според пишувањата на француските медиуми, веќе во јануари ќе започне со распродажба на ѕвездите.

На листата за продажба се наоѓаат Едисон Кавани платен 64 млиони евра, Анхел Ди Мариа платен 63 и Јулијан Дракслер 40 милиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…