Дома Фудбал ПСЖ неприкосновени во финалето на францускиот Лига куп

ПСЖ неприкосновени во финалето на францускиот Лига куп

Екипата на ПСЖ по четврти пат во серија го освојува францускиот Лига куп, откако синоќа во финалето што се одигра во Лион, го победи лидерот на табелата Монако со 4:1.

Освојувачот на Лига купот поведе во 4. минута со голот на Анхел Ди Марија. Монако успеа да изедначи во 27.минута преку Томас Лемар. На една минута пред крајот на првиот дел Ди Марија го постигна својот втор гол за ново водство. Со двата гола на Единсон Кавани во 54. минута и во 90.минута беше поставен конечниот резултат.

Екипата на Монако последен пат во Лига купот победи во 2003 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…