Дома Фудбал Останато ПСЖ нема право на кикс кај незгодниот Рен

ПСЖ нема право на кикс кај незгодниот Рен

Откако згасна сонот за освојување на Лигата на шампионите, ПСЖ има за цел да ја продолжи доминацијата во Лига 1, но за разлика од предходните сезони, овој пат имаат крајно тешка задача.

Додека ПСЖ се бори за титулата, Рен под водство на Бруно Генесио се бораз за пласман во Лигата на Европа.

Рен брка пласман во Еврпа


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Рен отпатува за Бордо минатото коло со цел да ја продолжи одличната форма под водство на Генесио и да бара шеста победа од седум натпревари, но црвениот картон на Стивен Нзонзи уште во осмата минута беше пресуден за нивниот пораз од 1:0.

Но и покрај картонот, Рен на теренот изгледаше подобро и со 10 фудбалери. Имаше поголем посед на топка и идентичен број на удари кон голот како и Бордо.

Сепак, Рен можат да бидат благодарни што нивните ривали за излез во Европа – Марсеј и Ленс исто така не успеаја да победат, што значи дека седмопласираниот Рен останува на само два бода од петтото место на уште три натпревари до крајот. Проблем е што два од последните три натпревари се против ПСЖ и Монако.

Нема сомнение дека Генесио има спроведено многу позитивни промени откако го замени Џулиен Стефан, но Рен е единствениот тим меѓу осумте најдобри што досега не ја поминал границата од 50 гола оваа сезона.

Освен тоа, Рен на овој меч ќе биде значително ослабен во средниот ред. Нзонзи е суспендиран поради црвениот картон, додека неговиот колега од средината Камавинга е суспендиран поради жолти картони.

Покетино мора до титулата во Лига 1

Покетино, навивачите, фудбалерите, а особено сопствениците на ПСЖ се целосно разочарани од сезонава, особено откако испаднаа од Лигата на Шампиони.

Ријад Махрез го предводеше Манчестер Сити до победа од 2:1 во првиот натпревар на „Паркот на принцовите“ во полуфиналето на Лигата на шампионите, а пред неколку дена алжирецот ги постигна двата гола за Сити во победата од 2:0 во Англија.

Избраниците на Маурисио Покетино сега мора да направат се за да дојдат до титулата и барем делумно да ги оправдаат милионите кои ги трошат сопсвениците на тимот. Имаат и полуфинале во Купот против Монпелје на 12-ти мај. Тоа значи можност за две титули.

Тесната победа над Ленс со 2:1 на последниот дуел беше добредојден. Но откако Лил славеше во саботата против истиот тим со 0:3, сега бега со четири бода. Доколку ПСЖ слави против Рен ќе дојде на еден бод, а има лесни последни два меча до крајот.

Верати ќе го пропушти овој меч поради повреда, а Мбапе е суспендиран поради жолти картони, но тоа не треба да биде алиби за евентуален неуспех на Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нови проблеми за Анчелоти: Се повреди Мбапе

РЕАЛ МАДРИД ја прекина серијата од два порази во Лигата на шампионите со победата од 2:3 н…