Готово сигурно е дека Килијан Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната како слободен агент.
Мбапе ги одби сите понуди на ПСЖ за продолжување на соработката, медиумите тврдат дека веќе има договор со Реал Мадрид, а „светците“ веќе почнаа да бараат замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Прва желба е Ерлинг Халанд, но Норвенажанецот не сака да се прсели во Франција и неговиот агент Раиола тоа му го соопштил на Леонардо.
Баерн не го пушта Левандовски, па најновата мета на ПСЖ е Ромелу Лукаку. „Светците“ веруваат дека Белгиецот би бил идеален за нивниот стил на игра, а трансферот нема да биде проблем бидејќи тој не е среќен во Челзи.
Лукаку ова лето за 115 милиони евра се врати во Челзи, но јавно призна дека не е среќен на „Стенфорд Бриџ“, а ПСЖ ќе се обиде да ја искористи таквата ситуација.