Пари Сент Жермен со сите сили се труди да го задржи Килијан Мбапе, но големи се шансите тој да си замине на лето како слободен агент.
„Светците“ му нудат на Мбапе огромна сума пари, но се чини дека Французинот веќе има договор со Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа ПСЖ веќе започна да бара негова замена, а најново име на списокот е Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.
Англичанецот на лето влегува во последната година од договорот, но сериозно размислува да го напушти „Олд Трафорд“ на лето.
Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ и да го донесе Рашфорд во Париз бидејќи верува дека ќе биде идеална замена за Мбапе.
Сепак, Јунајтед сигурно нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и ќе направи се за да го задржи во своите редови, а многу ќе зависи од тоа кој ќе биде нов тренер на „црвените ѓаволи“.