Како што стојат работите Јулијан Нагелсман ќе биде новиот тренер на Пари Сен Жермен.
Францускиот шампион се раздели со Кристоф Галтие поради раната елиминација од Лигата на шампионите, а него веројатно ќе го наследи човекот кој изненадувачки доби отказ во Баерн Минхен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Никој не очекуваше, но Баерн го отпушти Нагелсман пред крајот на сезоната и го назначи Томас Тухел за нов тренер.
Нагелсман во меѓувреме одбил понуди од Челзи и Тотенхем и сега е спремен да седме на кормилото на гигантот од Париз. Секако главната цел и за него како и за претходните стратези во ПСЖ во последните години ќе биде успех во Лигата на шампионите, без такво нешто тешко дека би се задржал подолго.
ПСЖ се поврзуваше со Зинедин Зидан, но според последните информации тој ја одбил понудата.