Како што изгледа, Пари Сен Жермен откако не успеа да ги оствари целите со скапо платените ѕвезди го смени начинот на работа и сега доведуа млади фудбалери.
Денеска гигантот од Париз го потврди ангажманот на 18-годишниот Габриел Москардо кој пристигнува од редовите на Коринтијас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Двата клуба постигнаа договор Москардо да остане на позајмица во Коринтијас до крајот на сезоната и ПСЖ за него ќе плати 20 милиони евра.
„Навистина сум среќен што станувам играч на ПСЖ. Ова е еден од моите најубави денови во животот. Претставен ми беше проект полн со млади и талентираните фудбалери, со нетрпение чекам да се приклучам на екипата и се надевам ќе освоивме уште многу трофеи“, изјави Москардо.