Дома Трансфер зона ПСЖ и Барселона се договориле повеќе да не си „крадат“ играчи?

ПСЖ и Барселона се договориле повеќе да не си „крадат“ играчи?

Барселона и Пари Сен Жермен постигнале договор според кој едни на други нема да си крадат играчи во иднина, пренесува каталонскиот „Спорт“.

Ова доаѓа откако парижаните се пред официјализација на трансферот на Дембеле. Двата клуба во иднина ќе соработуваат само ако интерес има и од двете страни. Францускиот крилен напаѓач е последната ѕвезда која ја напушта Барселона спротивно од желбата на клубот.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Каталонците во 2016. година се обидоа од ПСЖ да го „украдат“, Марко Верати, а идната година ПСЖ возврати со активирањето на клазулата на Нејмар од 222 милиони евра. Пред две години ПСЖ бесплатно го убеди Меси да се пресели во Париз.

Ова лето ПСЖ ја активираше клазулата од 50 милиони евра за Дембеле и така повторно ја налути Барселона која не сакаше да го продаде. Но, од некоја причина работата се уште се одолговлекува, па се појавија информации дека ПСЖ може да се откаже и да го доведе бесплатно наредното лето.

Сепак, според „Спорт“ овој договор помеѓу ПСЖ и Барселона ќе го забрза и трансферот на Дембеле, но исто така ќе спречи вакви ситуации да гледаме во иднина. Меѓутоа се потенцира дека станувало збор само за вербален договор, немало ништо потпишано, па така и не е сигурно дека ќе се почитува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…