Дома Топ вести ПСЖ и Баерн спремни да го „украдат“ Камавинга пред носот на Реал

ПСЖ и Баерн спремни да го „украдат“ Камавинга пред носот на Реал

Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.

17-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Младиот Французин со своите настапи го привлече вниманието на многу европски гиганти, а дека станува збор за вонсериски талент говори и фактот дека веќе го доби епитетот „новиот Погба“.

Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга, но „кралевите“ ќе се соочат со жестока конкуренција бидејќи за играчот силен интерес покажуваат уште Баерн Минхен и ПСЖ.

Цената на Камавинга изнесува 50 милиони евра, па доколку Реал не ја плати таа сума во наредните недели, ПСЖ и Баерн Минхен се спремни да го „украдат“ пред носот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…