Дома Трансфер зона ПСЖ им го „украде“ Нејмар – Барса возвраќа со доведување на „ВУНДЕРКИДОТ“ од Париз

ПСЖ им го „украде“ Нејмар – Барса возвраќа со доведување на „ВУНДЕРКИДОТ“ од Париз

ПСЖ минатото лето на Барселона и го „украде“ Нејмар, сега Барселона ќе се обиде да им се „одмазди“.

Екипата на Барселона ќе се обиде да го доведе 17 годишниот Јасин Адли, секако далеку дека тој е на исто ниво со Нејмар, но не баш и било кој. За него од поодамна знаат најголемите скаути на европските клубови и му се предвидува навистина блескава кариера.

Го споредуваат со Маруан Фелаини, но повеќе поради фризурата и конструкцијата. Адли е многу подобар со топка. Доколку не е така Барса не би го ни следела, а покрај гигантот од Каталонија овој фудбалер беше следен и од скаути на Баерн Минхен.

Во Париз се свесни за неговата вредност, па поради тоа ПСЖ веќе му понуди професионален договор. Интересно е што Адли и Фелипе Кутињо кој е голема желба на Барселона имаат ист агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…