Дома Топ вести ПСЖ има „пеколен план“: Меси заедно со Агуеро

ПСЖ има „пеколен план“: Меси заедно со Агуеро

Маурисио Покетино седна на клупата на Пари Сент Жермен и веќе прави планови како да го засили тимот за следната сезона.

Она за што се погласно се шпекулира е дека ПСЖ полека станува фаворит за потписот на Лионел Меси, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент и најверојатно ќе ја напушти Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Планот на Покетино е покрај Меси да го донесе и неговиот голем пријател и сонародник, Серхио Агуеро.

Шпанските медиуми пишуваат дека Меси би морал да се согласи на помала плата, за ПСЖ да остане во границите на Финансискиот фер-плеј, а условот би бил да го ангажираат Агуеро, кој има договор со Манчестер Сити до лето.

ПСЖ има план да ги спои Меси, Агуеро, Нејмар и Мбапе со што ќе има напад од соништата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Македонија У21: Канатларовски го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Полска и БиХ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година на почетокот на јуни ќе одигра два контр…