Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос би можел наскоро да го напушти „Сантиаго Бернабеу“, пренесуваат шпанските медиуми.
Силен интерес за 28-годишниот Германец покажува Пари Сен Жермен, кој нема да жали пари за да го донесе на „Паркот на принновите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На овој трансфер инсистира лично тренерот Томас Тухел, кој смета дека неговиот сонародник би бил идеално засилување за неговиот тим.
Крос пристигна во Мадрид во 2014 година и е еден од најважните фудбалери на Реал, па тешко е да се поверува дека „кралевите“ ќе сакаат да се откажат од него.
Меѓутоа, шпанските медиуми тврдат дека самиот Крос е заинтригиран од идејата да се пресели во ПСЖ бидејќи сака нов предизвик, а „светците“ се спремни да понудат 100 милиони евра за неговиот потпис.
Calciomercato: PSG wants to sign Toni Kroos for next season. pic.twitter.com/AG5GUIpTLm
— RMadridHome (@RMadridHome_) October 24, 2018