Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен е заинтересиран за левото крило на Ливерпул Луис Дијаз, пренесуваат француските медиуми.
Заминувањето на Килијан Мбапе е голем удар за парижаните, но и за францускиот фудбал воопшто. Парите од телевизиските права за следната кампања ќе бидат значително помали, интересот за лигата се намалува, а со тоа и за Пари Сен Жермен.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во таква ситуација изгледа ќе мора да доведат уште една ѕвезда во Париз. Виктор Осимен и Рафаел Леао се првите мети, но високо она листата желби е и Луис Дијаз, кој е еден од најдобрите играчи на Ливерпул откако пристигна од Порто во зимата 2022 година.
Тој пристигна како замена за Садио Мане и се покажа како полн погодок за англискиот гигант.
Најавите се дека Ливерпул би барал околу 80 милиони евра за фудбалерот за кој на Порто плати 47 милиони евра.