Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, по пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите изјави дека неговиот тим ќе биде многу посилен во февруари.
ПСЖ вчера одигра 1:1 на гостински терен со Борусија Дортмунд, во последното коло од групата Ф во Лигата на шампионите и во нокаут фазата се пласираше како второпласирана екипа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Успеавме да се пласираме понатаму од многу тешка група… Многу сум среќен. Ова само ќе ни помогне да напредуваме. Задоволен сум од односот на мојот тим. Ќе бидеме многу посилни во февруари”, изјави Енрике.
ПСЖ пропушти голем број шанси во првото полувреме, но Енрике истакна дека не го загрижува неефикасноста.
Она што ме загрижува е недостатокот на контрола во играта, кога ја губиме топката“, призна искусниот стратег.
ПСЖ сега ја чека ждрепката за осминафиналето која е закажана за в понеделник. Со второто место во групата, францускиот тим во осминафиналето ќе игра со еден од првопласираните и тоа најверојатно ќе биде големо дерби.
„Мислам дека ниту една од екипите кои завршија на првото место во својата група нема да сака да се соочи со ПСЖ. Ќе бидеме многу посилни во февруари“, истакна Енрике.