Дома Топ вести ПСЖ го сака Дибала: Можна е спектакуларна размена!

ПСЖ го сака Дибала: Можна е спектакуларна размена!

Пари Сент Жермен покажува сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала, пренесуваат француските медиуми.

Новиот тренер Томас Тухел е голем фан на Пауло Дибала и посакува да го доведе Аргентинецот на „Паркот на принцовите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно Дибала чекал повик од Реал Мадрид, но „кралевите“ не покажуваат интерес за него. Од друга страна ПСЖ во Аргентинецот гледа идеален наследнк на Едисон Кавани.

Во исто време Јувентус е заинтересиран за Едисон Кавани, кој може да биде замена за Игуаин, па медиумите не ја исклучуваат можноста да дојде до размена на играчи помеѓу двата клуба.

24-годишниот Дибала минатата сезона одигра 46 меча во сите натпреварувања на кои постигна 27 гола и запиша 7 асистенци.

Наводно и самиот е спремен да ја промени средината, а Јувентус за неговата слобода бара 130 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл без победник  во Минхен🎥

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа фантастичен натпревар на „Алијац Арена“, кој на крајот …