Френки Де Јонг би можел да биде еден од играчите кои би можеле да ја наполнат касата на Барселона наредното лето, а првата понуда наводно пристигнала од Пари Сен Жермен.
Каталонските медиуми истакнуваат дека ПСЖ е повторно заинтересиран за Де Јонг, исто како и кога се обидуваше да го доведе додека играше за Ајакс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, според информациите понудата која е се спремни да ја испратат нема да ги задоволи апетите на Барселона. Наводно ПСЖ е спремен да понуди сума од 60 милиони евра. Де Јонг игра променливо, но и понатаму е еден од најдобрите фудбалери на Барсеона и еден од најдобрите во Европа на својата позиција.
Секако многу ќе зависи и од тоа кој ќе биде наследникот на Чави на клупата. Ќе потсетиме, Барселона во 2019 година за Де Јонг плати 75 милиони евра.