Дома Топ вести ПСЖ го претстави Галтие, кој ја откри иднината на Нејмар

ПСЖ го претстави Галтие, кој ја откри иднината на Нејмар

Пари Сент Жермен денес и официјално го претстави Кристоф Галтие за нов тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Францускиот стратег потпиша двегодишен договор со „светците“, а првото прашање на пресконферецијата беше за иднината на Нејмар.

„Сакам Нејмар да остане тука со нас. Тој е играч од светска класа, сите менаџери во светот сакаат врвни играчи како него“, истакна Галтие.

„Ова е голема чест за мене, но истовремено и голем предизвик. Знаеме дека амбициите на клубот се големи, предизвикот е да се освои трофејот во Лигата на шампионите. Ќе имам чест да работам со дел од најдобрите светски фудбалери, но ние ќе треба да создадаме тим кој ќе има карактеристичен дух и победнички карактер“, изјави Галтие.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ибрахимовиќ открива за кого навива на Мундијалот (Видео)

Легендарниот Швеѓанец зборуваше за репрезентациите што ќе ги следи на Светското првенство,…