Вниманието на фудбалската јавност синоќа го предизвика сцената на стадионот Луј Втори во Монако.
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике реши да го извади од игра Килијан Мбапе, а тој се облече и тргна на трибините. Сега пристигнуваат информации што се случувало во соблекувалната на полувремето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Килијан Мбапе доживеа уште едно понижување од тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Откако беше изнесен од теренот во 65. минута на мечот со Рен кога противникот водеше со 1:0, Мбапе вчера беше заменет на полувремето.
По натпреварот Луис Енрике ја објасни одлуката да ја замени првата ѕвезда на тимот: „Порано или подоцна ќе останеме без Мбапе и затоа ги барам најдобрите опции за тимот. Мора да се навикнеме на ова. Одлуката да го извадам беше мое и не сакам воопшто да разговарам за тоа“, се зборовите на шпански стручњак.
Француските медиуми носат дополнителни детали од соблекувалната. Тие се јасен доказ дека ПСЖ преку тренерот му се осветува на еден од најдобрите светски фудбалери кој реши да го напушти клубот.
“На полувремето Луис Енрике само рече: “Коло Муани наместо Мбапе”. Тој не објасни ништо. Чудно е затоа што од почетокот Енрике и Мбапе имаа врска заснована на почит, доверба и разговор. Сепак, во последно време нивниот разговор е сведен на неколку зборови“, тврди Le Parisien.
Од друга страна пак францускиот радио новинар Бруно Саломон тврди дека всушност нема контроверзии.
„Луѓето од тимот на Мбапе уверуваат дека нема полемики и дека играчот е целосно фокусиран на мечот со Реал Сосиедад. Со него на трибините беше и шефот на ПСЖ“, вели Саломон.
Сепак, на сите им е апсолутно очигледно дека постои некаква форма на одмазда за клубот кон Мбапе откако тој им кажа дека заминува во Реал Мадрид на крајот од сезоната. Претходно беше незамисливо тренер да го извади од игра, особено кога тимот нема поволен резултат.