ПСЖ сериозно се вклучи во трката за потписот на шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вилијамс блескаше на Европското првенство и има откупна клаузула од 50 милиони евра, па Барселона важеше за голем фаворит за неговиот потпис.
Каталонскиот клуб веќе има договор со Вилијамс, но поради финансиски проблеми се уште не може да го комплетира трансферот.
ПСЖ сака да ја искористи такваа ситуација и да го „украде“ пред носот на Барселона.
„Светците“ немаат проблем веднаш да ја платат откупната клаузула, па сега Луис Енрике го убедува Шпанецот да ја прифати понудата и да се пресели во Париз.