Дома Топ вести ПСЖ го „краде“ Бакајоко пред носот на Милан

ПСЖ го „краде“ Бакајоко пред носот на Милан

Пари Сент Жермен може да го „украде“ Бакајоко пред носот на Милан, пренесуваат француските медиуми.

Бакајоко веќе подолго време се поврзува со трансфер во Милан, има договор со „росонерите“, но двата клуба не можат да најдат заеднички јазик.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан нуди 25 милиони евра, но Челзи не попушта и за слободата на Французинот бара 30 милиони евра.

Таквата ситуација сака да ја искористи ПСЖ и да го донесе Бакајоко на „Паркот на принцовите“.

„Светците“ се во потрага по квалитетен играч за врска, а Леонардо одлично го познава Бакајоко и е спремен да ги плати бараните 30 милиони евра.

Наводно Бакајоко ќе ги чека „росонерите“ до крајот на неделата, а доколку не се реализира трансферот ќе му каже ДА на ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…