Но, кој ќе биде да плати во јануари, иако неговото заминување би било „лек“ против финансискиот фер плеј…
Анхел Ди Марија сака да замине.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот не е стандарден во ПСЖ се верува дека дури би можел да го изгуби местото во репрезентацијата и поради тоа ќе се обиде да го напушти клубот во јануари. Евентуално заминување на Ди Марија би било големо олеснување кога во прашање е ФФП, но проблем е што Емери смета дека Аргентинецот може да помогне, а во овој момент тешко дека постои клуб кој би ја платил огромната сума за Ди Марија во јануари.
Имено, тој изминатото лето сакаше во Барселона, но понудата од Каталонија, како што пишува „Л’Eкип“ не надминувала 40 милиони евра, што е премалку за фудбалер како Ди Марија.
Ди Марија има договор до 2019 година, наредното лето би било реално да замине, но и неговата голема плата веројатно ќе претставува проблем. Тој заработува околу 9.5 милиони евра годишно, има мал број опции, освен Барселона се распрашуваше и Интер, но „нероаѕурите“ ваков трансфер во јануари не би можеле да си дозволат.
Овие денови се очекува менаџерот на Ди Марија да пристигне во Париз, не е невозможно Аргентинецот да побара и да биде испратен некаде на позајмица со цел да се избори за поголема минутажа пред Мундијалот во Русија.