Дома Трансфер зона ПСЖ го затвара преодниот рок со бек од 40 милиони

ПСЖ го затвара преодниот рок со бек од 40 милиони

ПСЖ е во напредни преговори со Спортинг Лисабон за трансфер на левиот бек Нуно Мендеш, пренесува „Скај Спорт“.

Мендеш може да игра како лев бек и како стопер и важи за еден од најголемите таленти во Европа, па со 18 години дебитираше за португалската репезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Спортинг е спремен да го продаде, играчот има откупна клаузула од 45 милиони евра и очекува да ја добие приближно истата сума.

За Мендеш интерес покажуваа многу европски гиганти како Манчестер Сити, Реал Мадрид, Ливерпул, но ПСЖ е најконкретен.

Медиумите тврдат дека двата клуба се блиску до договор за трансфер од 40 милиони евра, а во трансферот може да биде вклучен и Сарабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Жиру веќе потпиша за новиот клуб

Според информациите од Италија, Оливие Жиру дефинитивно го напушта Милан на крајот од сезо…