Дома Фудбал Останато ПСЖ го доведе Икарди, ама најдобриот стрелец во историјата на клубот и тоа како недостасува

ПСЖ го доведе Икарди, ама најдобриот стрелец во историјата на клубот и тоа како недостасува

И покрај останатите ѕвезди во нападот Едисон Кавани и тоа како му недостасува на ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кавани влезе во последната година од договорот со ПСЖ. Францускиот клуб го ангажираше Мауро Икарди, но јасно се гледа дека „Ел Матадор“ недостасува на екипата на Томас Тухел.

ПСЖ од неговата повреда протув Тулуз запиша победи против Мец, Стразбур, Реал Мадрид, Лион и Бордо, а само два пати постогнуваа повеќе од еден гол што е не е карактеристично за ПСЖ во Лига 1.

Два му дадоа на Мец и три на Реал, останатите натпревари го добија минимално со головите на Нејмар.

Јасно се гледа дека им недостасува најдобриот стрелец во историјата на клубот. Кавани доживеа повреда на колкот од која никако не успева да се опорави.

Сега тренира со тимот, но Тухел нема да брза со неговото враќање. Отпатува во Инстанбул, меѓутоа не се очекува да игра вечерва против Галатасарај во Лигата на шампионите. Најверојатно енма да настапи ниту против Анжерс во француското првенство.

Во клубот се надеваат дека Уругвај ќе го ослободи од репрезентативните обврски кои следат за што подобро да се опорави и да се намали ризикот од обновување на повредата.

Икарди од друга страна од своето пристигнување се бори за место во нападот, се уште не се адаптирал, па се поставува прашањето дали ПСЖ е спремен да остане без Кавани на кого како што споменавме му истекува договорот на крајот од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Конте за иднината: Претседателот ги знае моите мисли веќе еден месец

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, го искажа своето задоволство од пласманот во Лигата на …