Сагата околу иднината на Килијан Мбапе продолжува бидејќи напаѓачот се уште не ставил потпис на нов договор со ПСЖ.
Преговорите помеѓу клубот и Мбапе траат веќе неколку месеци, па ПСЖ полнува да го губи трпението.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Мбапе на лето ќе влезе во последната година од договорот, а ПСЖ не сака да ја загуби својата ѕвезда без пари.
Доколку не потпише договор се очекува ПСЖ да го стави на трансфер листа. Медиумите во Франција пренесуваат дека ПСЖ веќе ја одредил цената и е спремен да го пушти Мбапе за 150 милиони евра.
Прв фаворит за неговиот потпис е Реал Мадрид, кој наводно е спремен да ја плати оваа сума.