Дома Фудбал Останато ПСЖ ги отвори припремите со победа од 4:0, Хакими асистираше 🎥

ПСЖ ги отвори припремите со победа од 4:0, Хакими асистираше 🎥

Фудбалерите на ПСЖ ги стартуваа подготовките за новата сезона.

Избраниците на Маурисио Покетино во тренинг натпревар славеа против Ле Манс со 4:0. Од првата минута во овој натпревар играа некои од ѕвездите на „светците“.

До водство ПСЖ стигна во 12. минута преку Мауро Икарди, пред крајот на првиот дел Ашраф Хакими асистираше на Гараби за 2:0. Со предноста од 2:0 ПСЖ замина на полувремето.

Конечните 4:0 беа поставени во самиот финиш. Фабдига во 87. минута зголеми на 3:0, а талентираниот Чави Симонс две минути подоцна беше стрелец на четвртиот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Хаос на судењето за нападот на Донарума и неговата партнерка

Пред нешто повеќе од три години, италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума и неговата тогашна…