Дома Фудбал ПСЖ бесен на Реал: Престанете! Не можеме повеќе да толерираме

ПСЖ бесен на Реал: Престанете! Не можеме повеќе да толерираме

Флорентино Перез денес го „разгоре огнот“ со изјавата дека околу 1 јануари ќе има добри вести околу Килијан Мбапе.

Како што е познато Килијан Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, а медиумите тврдат дека веќе има договор со Реал Мадрид и во јануари ќе потпише преддоговор.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На изјавата на Перез денес остро реагираше директорот на ПСЖ, кој истакна дека оваа ситуација повеќе не може да се толерира.

„Ајде да завршиме со ова. Последната изјава од Реал покажува недосток на почит кон ПСЖ и кон Мбапе. Тоа повеќе не можеме да го толерираме. Килијан е наш играч и клубот верува дека нашиот однос ќе потрае“, изјави Леонардо.

„Цела ситуација трае веќе две години. Преодниот рок е завршен, во Мадрид мораат да престанат, не смеат повеќе да се однесуваат на овој начин. Се тоа почажува недостаток на почит према ПСЖ“, додаде Леонардо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинар на „Марка“ го откри планот на Модриќ – може да се случи пресврт!

Кога Лука Модриќ во јули оваа година го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една сез…