Репрезентацијата на Македонија утре го игра вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство, а наш противник ќе биде селекцијата на Лихтенштајн.
Кога ќе ја погледнеме традицијата против Лихтенштајн сме прилично доминантни затоа и утре само победата е опција за нашите репрезентативци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Македонија досега честопати имаше прилика да ги одмери силите со селекцијата на Лихтенштајн. Меѓусебно имаме одиграно 9 натпревари во неколку различни квалификациски циклуси. Македонија е со позитивен баланс без пораз, напротив со 8 победи и 1 нерешен резултат.
Вкупната гол разлика е 33 постигнати и само 5 примени голови.
Највисоката наша победа е токму против Лихтенштајн на гостински терен, натпревар одигран на 09.11.1996. Крајниот резултат беше 1:11!
Натпреварот помеѓу Македонија и Лихтенштајн се игра утре со почеток во 20:45 часот.