Идентификуван е навивачот на Ливерпул кој беше прободен за време на прославата по освојувањето на Лигата на Шампионите.
Станува збор за 33-годишниот Еванс О`Рурк. Татко на две деца беше проподен со нож пред еден од баровите кога илјадници навивачи на Ливерпул славеа титула шампион на Европа. По тоа бил веднаш однесен во болница, каде што по тоа починал.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
О`Рурк имал син и ќерка, а неговото семејство и пријатели не можат да веруваат што се случило. Бил фантастичен навивач на Ливерпул, а играше и аматерски фудбал. Поради сомнеж дека го извршиле овој злочин уапсени се две особи. Од полицијата навеле дека напаѓачите можеби од претходно го познавале убиениот и дека убиството можеби не е директно поврзано со натпреварот.