Дома Фудбал Англија Пропадна славјето за Бачуаи во Челзи

Пропадна славјето за Бачуаи во Челзи

Белгискиот репрезентативец, Бачуаи призна дека се израдувал кога се повреди неговиот соиграч од Челзи, Алваро Мората.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мората заработи повреда на задната ложа и според информациите од Лондон ќе отсуствува еден месец. Во прв план потоа „излезе“ Бачуаи кој би требало да биде замена за шпанскиот напаѓач. Белгиецот дури призна дека помалку се радува што на овој начин ќе има шанса за игра.

Меѓутоа, славењето на репрезентативецот на Белгија не траеше долго, бидејќи на „Стемфорд Бриџ“ пристигнуваат поинакви информации. Според пишувањата на англиските медиуми и покрај повредата на Мората, за Антонио Конте Бачуаи не е прв избор во нападот.

Како што се наведува, италијанскиот стратег во следниот меч во нападот ќе игра со „лажна деветка“, а јасно е дека во таа формација не се вклопува белгискиот интернационалец. Како што пренесува „The Sun“, Конте сака да експериментира со оваа формација, а тоа место има навистина голема конкуренција.

Конте сака да се обиде со нешто побрз и поагилен играч во самиот шпиц на нападот, а на располагање ќе му бидат Еден Азар, Вилиан и Педро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чудесниот Мбапе чекори кон учинок каков што немал никој друг на еден Мундијал!

Килијан Мбапе (27) продолжува да плени на неговото трето Светско првенство во кариерата. В…