Дома Македонски спорт Промоција на спортот и семејните вредности

Промоција на спортот и семејните вредности

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации и Општина Охрид, во спортската сала на ОУ „ Григор Прличев“ беше промовиран проектот „Спортот и семејните вредности“.

По Скопје, Прилеп, Штип, Василево, Кочани, Кратово и Македонски Брод и Берово Охрид е општината во која помина Караванот на АМС и Сојузот на спортски федерации на Македонија за промоција на проектот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Основната намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности, да се дружат повеќе меѓусебно и да се зајакнат врските во семејството.

Спортската сала во Охрид беше премала да ги собере дечињата, кои заедно со нивните родители кои овојпат беа најмасовно организирани другаруваа и се натпреваруваа во штафета со топка,подавање под нозе и со глава, фудбал и ракомет, штафетно пресоблекување дрес и шутирање топка на мали голчиња.

Настанот го отвори претседателот на Сојуз на спортски федерации Наташа Илиевска Јордановска кој изрази задоволство од масовноста и од подготвеноста на посетителите да спортуваат и низ заедничка дружба да ги промовираат спортските принципи.
„Веруваме дека со реализацијата на овој проект ќе ја постигнеме целта, а истовремено младите луѓе ќе ги стимулираме да се занимаваат со спорт и спортски активности. Денеска нема да има победници и победени, денес ќе победи дружбата“, изрази Илиевска.

Тони Симоновски како претставник на локалната самоуправа од Охрид беше задоволен од одзивот на деца и родители на овој промотивен настан. Семејниот спорт и рекреација, според организаторите на проектот, имаат многу предности,меѓу кои најважно е позитивното влијание на детското здравје, односно здравјето на целото семејство,развој на општите способности кај децата и емотивното задоволство и опуштање на родителите од постојаниот секојдневен притисок.

Преку овој проект, почнува процес кој ќе помогне за подигнување на јавната свест за значењето на спортот и рекреацијата, како здрави животни навики и стил на живеење. Повеќе од 140 деца по завршувањето на настанот добија подароци топки, стегачи и др.спортски реквизити.

Спортот ја имаа таа моќ, да ги зближува луѓето и ваквите проекти се добредојдени секогаш. Овој настан ќе продолжи да се имплементира и во останатите општини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …