Навивачите на Баерн Минхен забележија дека еден фудбалер недостасува на направената фотографија во склоп на промотивната кампања за „Пуланер“ и „Октоберфест“.
Германските медиуми веќе некое време пишуваа за заминувањето на Хави Мартинез и сега тоа изгледа е потврдено. Мартинез не се појави на фотографијата на која позираа сите играчи на актуелниот европски шампион.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Се очекува Мартинез да се врати во Шпанија и тоа во редовите на Атлетик Билбао. Баерн за неговите услуги би можел да добие оштета од околу осум милиони евра.
За Шпанецот тоа би било враќање во клубот после осум години. За клубот од Баскија Мартинез играше шест години (2006 – 2012), а Баерн го купи за 40 милиони евра.
No Javi Martínez in the team photo. A move could be close pic.twitter.com/x4bSZNBpXh
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) September 22, 2020