Мaнчестер Сити и Арсенал вчера одиграа 0:0 во дербито од 30. коло на Премиер лигата. Ливерпул претходно го победи Брајтон со 2:1 и се истакна на врвот на табелата со два бода повеќе од Арсенал и три повеќе од Манчестер Сити, па така во овој момент избраниците на Клоп се во најдобра позиција за титулата..
Суперкомпјутерот на „Опта“, компанија специјализирана за проекции и статистичка обработка на најсилните европски лиги пресмета дека токму Ливерпул ќе биде новиот шампион. Треба да се каже дека сега за првпат од симулациите направени оваа сезона на врвот не е Манчестер Сити.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Шансите за Ливерпул сега се дури 47,7 отсто, што е за 12,4 отсто повеќе отколку пред 30. коло. Процентот за Манчестер Сити е 33,5, што е помалку од 12,4 отсто од пред вчерашните натпревари, додека Арсенал и понатаму има 18,8 отсто шанси да ја освои титулата.
🚨NEW FAVOURITE FOR THE PREMIER LEAGUE TITLE ALERT🚨
— Opta Analyst (@OptaAnalyst) March 31, 2024
That's right. For the first time this season, the Opta supercomputer doesn't think Man City are the favourites to win the league.
Liverpool are now in the driving seat ⬇️https://t.co/n7fyu3g9Ht pic.twitter.com/thtEATt1V8
Да потсетиме, Сити освои пет од последните шест титули, а во 2020 година шампион беше Ливерпул за кој тоа беше прва титула по 30 години. Арсенал последен пат беше шампион пред 20 години, во 2004 година, кога ја освои титулата без ниту еден пораз.