Променети се термините за полуфиналните натпревари на фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата кој ќе се одигра во Скопје.

Натпреварот меѓу Вардар и Мешков Брест кој првично требаше да се игра во вечерниот термин, ќе почне од 17:45, додека мечот меѓу Целје и Загреб се игра од 20:15.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фајнл-фор турнирот од СЕХА лигата се игра на 13. и 15. април во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

Oд вчера 22 март започна продажбата на блок билети за СЕХА Ф4 турнирот. До 1. април блок билетите за двата натпреварувачки дена ќе се продаваат по цена од 300 денари, а од 2 април започнува продажбата на поединечните влезници за цена од 200 денари за еден натпреварувачки ден.

Вардар е актуелен бранител на тронот во регионалното натпреварување, а и прв фаворит за трофејот сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сара Ристовска ја има вториот најубав гол во третото коло на ЕП (Видео)

Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска вчера постигна шест погодоци во натпревар…