Дома Македонски спорт Мак ракомет Промена во РФМ: Левче Китевски нов директор на рперезентацијата

Промена во РФМ: Левче Китевски нов директор на рперезентацијата

Денес управниот одбор на РФМ направи промени во раководството.

На денешниот состанок Левче Китевски беше именуван за нов директор на машата репрезентацијата. Китевски го наследува Димитар Митревски кој беше директор за време на ЕП 2020. Тој од денес кординатор на машките ракометни репрезентација.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


“Ве информираме дека со мнозинство гласови на Управниот Одбор на Ракометната Федерација, согласно Член 35 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) ги усвои следниве одлуки:

1. Назначување на г-дин Левче Китески на функцијата Директор на машки и женски ракометни репрепрезнтации при РФМ.

2. Назначување на г-дин Гино Стрезовски на функцијата Стручен советник на селекторот во женски репрезентации.

3. Назначување на г-дин Димитар Митревски на функцијата координатор на машки ракометни репрезентации.

4. Назначување на г-дин Ѓорѓе Војновиќ , Главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.

5. Назначување на др. Билал Суџубаши , Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје, за нов член на Управен Одбор на РФМ.

Донесените Одлуки ќе бидат верификувани на следниот управен одбор“, стои во соопштението од РФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …