Дома Топ вести Промашувањето на Баерн е главна трансфер цел на Интер

Промашувањето на Баерн е главна трансфер цел на Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека португалскиот играч за врска, Ренато Санчез е главна трансфер цел на Интер.

Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Во Англија беше дел од Свонси каде што запиша само 12 настапи. 


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте верува дека Санчез ќе биде идеално засилување за неговиот тим, а Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.

Цената на трансферот ќе изнесува околу 30 милиони евра, а Интер планира да го финансира со продажбата на Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Проблем за Тухел: Баерн ослабен во реваншот против Реал Мадрид

Во среда на програмата во Лигата на шампионите е реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхе…