Aугусбург и Келн вчера одиграа 1:1 во рамките од 30. коло во Бундеслигата.
Домаќините можеа да поведат во 27. минута, но нивниот напаѓач Флоријан Ниедерлечер промаши пенал. Неговиот удар го одбрани Тимо Хорн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ја направив најголемата грешка која може да се направи при изведувањето на пенали. Се поради е*ените празни трибини“, изјави Ниедерлечер.
Имено, тој секогаш шутир на својата десна страна. Тоа го знаеле неколку играчи на Келн и му го кажале на голманот Хорн. Откако го слушнал нивниот разговор Ниедерлечер се решил да ја промени страната.
„Секогаш шутирам десно. Дозволив ситуацијата да влијае на мене. Често пати бев херој, денес испаднав будала“, заврши напаѓачот на Аугусбург.
На четири кола пред крајот Аугусбург е на 13. место со 32 бода, четири повеќе од зоната на испаѓање додека Келн е за едно место подобар со 35 бода.