Дома Фудбал Продолжува чудесната серија на Интер. По новата победа има 15 бода повеќе од Јувентус

Продолжува чудесната серија на Интер. По новата победа има 15 бода повеќе од Јувентус

Интер ја продолжи победничката серија во натпреварот од 27. коло на Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Водечката екипа во италијанскиот шампионат гостуваше кај Џенова и по победата од 2:1 освои нови три бода, па сега води на табелата со 15 бода повеќе од второпласираниот торински Јувентус.

Лидерот во Серија А поведе во 30. минута преку голот на Аслани. Интер го зголеми водството по удар од белата точка, кој беше досуден по прегледувањето на снимката и кој за многумина е сомнителен. Алексис Санчез беше прецизен во 38. минута.

Џенова го намали резултатот преку Јохан Васкез во 54. минута.

Интер е лидер со 72 освоени бода, додека Џенова се наоѓа на 12 место со 33 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олисе и Баерн сакаат состанок, причината е – Реал Мадрид?

Мајкл Олисе сака состанок со челниците на Баерн Минхен по завршување на Светското првенств…