Дома Фудбал Продолжува фудбалската еуфорија во Хрватска: Динамо на Адеми е вистински хит!

Продолжува фудбалската еуфорија во Хрватска: Динамо на Адеми е вистински хит!

Тимот на Арјан Адеми, Динамо Загреб предизвикува вистинска еуфорија во Хрватска.

После големиот успех во текот на летото и освоеното второ место на Мундијалот во Русија, радост на Хрватите на стартот на оваа сезона им носи Динамо Загреб,

Динамо забележа две победи на стартот од групната фаза во Лигата на Европа и тоа во натпревари против силни противници (Фенебахче 4:1, Андерлехт 2:1). Покрај победите Динамо покажа и доминатна игра и се вистински хит во оваа земја.

„Можевме да постигнеме уште некој гол. Имавме одлични прилики, 17 удари на противничкиот гол не се мала работа. Покажавме дека сме вистински тим и сакаме да продолжиме. Им благодарам на навивачите на големата поддршка“, изјави Арјан Адеми кој е и капитен на Динамо.

Освен одличните настапи во Лигата на Европа, Динамо е лидер и во домашното првенство каде што се без пораз со учинок од шест победи и три нерешени средби.

Во Лигата на Европа во следното коло ги очекува натпревар против Спартак Трнава.

https://www.youtube.com/watch?v=3s_sAlqMxu8

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…