Дома Фудбал Продолжува распродажбата од Челзи во Саудиска Арабија

Продолжува распродажбата од Челзи во Саудиска Арабија

Голманот на Челзи, Едуард Менди е блиску до потпис за саудискиот клуб Ал Ахли.

Како што наведува „Би-Би-Си“, преговорите се во тек и се очекува Менди да им се приклучи на бројните фудбалски ѕвезди кои се преселиле во Саудиска Арабија.

31-годишниот репрезентативец на Сенегал е во Челзи од 2020 година и ја освои Лигата на шампионите со клубот во 2021 година.

Неговиот поранешен соиграч од Челзи, Нголо Канте, неодамна потпиша тригодишен договор со Ал Итихад.

Според медиумите, клубови од Саудиска Арабија се заинтересирани за Хаким Зијех и Калиду Кулибали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале: Милан не е на продажба, сакам да ги доведам најдобрите!

Сопственикот на Милан најавува нов финансиски модел преку стадионот, арена во Сан Донато и…