Натпреварот помеѓу Барнли и Лестер кој беше на програмата на 15. јануари е одлоижен поради големиот број заразени играчи со коронавирус.
Барнли испрати барање до Премиер лигата натпреварот од 22. коло да се одложи поради отсутните играчи во нивнте редови, дел поради коронавирусот, дел поради повреди.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Извршниот одбор на Премиер лигата го прифати барањето на Барнли затоа што клубот нема доволен број играчи на располагање за одигруивање на натпреварот (13 фудбалери и еден голман)“, се наведува во соопштението.
Ова е веќе четврти натпревар на Барнли кој е одложен оваа сезона од иста причина.