Со вчерашниот триумф над Витесе од 4:2 Ајакс повторно му побегна на ПСВ на три бода.
Ајакс беше сигурен во Амстердам против Витесе и во ефиксен натпревар успеа да слави и со 80 бодови да избие на врвот на табелата, ПСВ во денешниот натпревар против Виллем на гости има прилика на две кола да се изедначи по бројот на бодови со Ајакс.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи дека до крајот на чека жестока трка за првата позиција, Ајакс секако е фаворит поради подобрата гол-разлика, а и имаат подобар распоред.
Тие ќе играат против Утретехт дома и на гости кај Де Графшап во последното коло, додека ПСВ покрај денешниот натпревар ќе гостува кај АЗ Алкмар и во последното коло ќе го пречека Хераклес.
Ајакс вчера поведе со голот на Зијеш во 41-та минута од натпреварот, а во продолжение во листата на стрелци се запишаа Де Лихт и Тадиќ два пати. Душан Тадиќ зад своето име има 24 гола оваа сезона и е втор стрелец во Ередивизија.
https://www.youtube.com/watch?v=ysgsbkxaLkw
Во досегашните 32 кола Ајакс постигна 111 голови и испиша историја како тим со најмногу постигнати голови во една сезона во историјата на ова натпреварување.
Вкупно во сите натпреварувања Ајакс постигна 159 погодоци од почетокот на сезоната што е исто така рекорд кога во прашање се холандските клубови. Навистина овој тим игра сезона за паметење.
Records are there to be broken…
1 season, 159 goals ?#ajavit— AFC Ajax (@AFCAjax) April 23, 2019